Погба е подготвен да изврши големо предавство во стилот на Тевез!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пол Погба има договор со Манчестер јунајтед до 30 јуни и речиси сигурно ќе си замине од екипата, но „Дејли Мејл“ пишува дека неговиот план е да остане во клубот и да потпише за Манчестер сити.

Пеп Гвардиола бара засилувања во средниот ред затоа што на крајот на сезоната ќе остане без Фернандињо, па Погба делува како идеално решение.

ПСЖ и Јувентус се останатите два тима кои се заинтересирани за услугите на 29-годишниот француски фудбалер, кој наскоро треба да донесе одлука за својата иднина.

Трансферот во Сити би предизвикал голем земјотрес во светот на фудбалот, исто како што се случи пред повеќе од 10 години, кога Карлос Тевез се пресели од Јунајтед во Сити.

„Граѓаните“ ќе мора да му понудат добри услови на Французинот затоа што и останатите клубови нема да седат мирно и ќе се борат за неговиот потпис.