Погба повеќе нема да игра за Франција поради – претседателот Макрон?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Пол Погба се наоѓа во најдобрите фудбалски години, но се одлучи повеќе да не го носи дресот на репрезентацијата на Франција, пренесуваат светските медиуми.

Погба ваквата одлука ја донесе поради зборовите на францускиот претседател Макрон упатени кон пророкот Мухамед.

„Единството и цврстината се единствен одговор на монструозниот исламски те*оризам“ – е една од изјавите на Макрон кој кажа дека исламот се наоѓа во голема криза.

Тие зборови наводно го навредиле Погба и муслиманите во Франција каде исламот е втора најбројна религија.

Играчот на Јунајтед дресот на Триколорите го носи од 2013. година, а беше член на тимот кој во 2018. година во Русија стана светски првак.