Погба со новата одлука ги налути навивачите на Јувентус


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Пoл Погба има проблеми со менискусот и требаше да оди на операција, но се реши за друга терапија за да може да се врати на теренот на крајот на септември.

Оваа терапија би му овозможила на Погба да се врати на терените пред почетокот на Светското првенство (СП) во Катар.

Доколку Погба заминеше на операција, тогаш немаше да има време да се врати пред Мундијалот и тоа е главната причина поради која се реши за терапијата, но тоа ги налути навивачите.

„Ова за нас, навивачите на Јувентус, е најлоша вест. Можеби ќе игра на Мундијалот, па ќе оди на операција. На него не му е гајле за клубот, туку само за себе“, напиша еден навивач на социјалните мрежи.