Погледнете како ќе изгледа екипата на Јувентус по пристигнувањето на Пирло


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус пред неколку дена реши да го отпушти Маурицио Сари, а на изненадување на многумина, за нов тренер беше избран Андреа Пирло.

Сари успеа да го освои Скудетото во својата прва сезона, но очајниот резултат во Лигата на шампионите на крајот скапо го чинеше. Само еден ден откако Јуве е елиминиран од Лигата на шампионите од Лион, клубот објави дека Сари не е повеќе тренер на овој тим.

Неколку искусни тренери беа поврзани со Старата дама, но тогаш клубот ги шокираше сите објавувајќи дека нов тренер е Пирло, кој беше избран за тренер на тимот на У23 пред неколку недели.

Пирло воопшто нема тренерско искуство и ова е негова прва ваква работа која е навистина огромен предизвик. Тој ќе има можност да се докаже на највисоко ниво, но ако не успее тоа би можело скапо да го чини.

Италијанските медиуми пишуваат дека Пирло ќе направи многу промени во играчкиот кадар ова лето, и дека тој веќе отпишал неколку играчи, меѓу кои Даглас Коста, Бернардески, Данило, Кедира, Ругани, Де Скиглио, Игуаин …

Пирло остана без Пјаниќ, кој оди во Барселона, додека Артур Мело доаѓа од спротивен правец. Исто така, напишано е дека Јуве дефинитивно ќе се засили во средниот ред, а се очекува пристигнување на младите Тоналио и Иско од Реал Мадрид.

Медиумите во Апенините веќе шпекулираат како би можел да изгледа новиот Јувентус. Пирло најави формација 4-3-3 и офанзивен Јувентус, а можна постава е: Шчезни, Квадрадо, Де Лихт, Бонучи, Алекс Сандро, Тонали, Артур, Иско, Кулушевски, Кристијано Роналдо, Дибала.