Покетино кажа што му треба за успех на Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси славеше во лондонското дерби против Фулам со 2-0 и тоа беше втора победа за поранешниот европски шампион во Премиерлигата.

Тренерот на „сините“, Маурицио Покетино ги пофали своите избраници и кажа што им е потребно за добри резултати.

„Важно е да добиеме самодоверба. Игравме добро и среќен сум. Го добивме тоа што го заслужуваме. Овој гол му беше потребен на Мудрик. Тој одигра на врвно ниво, но се повреди. Се надевам дека не е ништо сериозно и ќе може да настапи на следниот натпревар. Среќен сум што постигна гол и Броја“, кажа Покетино.