Покетино: Можеби мислите дека сум луд, но ќе успееме со Челси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот тренер Маурицио Покетино има ужасни резултати со Челси во новата сезона без разлика на тоа што клубот потроши огромна сума на пари за засилувања.

Челси се наоѓа на 12. место со само пет победи од 16 одиграни натпревари, но и покрај тоа Покетино смета дека ќе се променат работите за премиерлигашот.

„Ќе успееме. Сигурен сум дека ќе се случи тоа. Најтешко е да продолжиш да веруваш и кога резултатите се лоши, но јас не се откажувам. Можеби ќе мислите дека сум луд, но не сум. Знам точно што правам. Имам 51 година“, кажа Покетино.