Покетино останал без зборови кога дознал каков е планот за јануарски засилувања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Маурицио Покетино полека почна да го буди Челси, кој на изминатите два меча постигна по четири голови, па Аргентинецот се надева дека со уште неколку засилувања конечно може да има незапирлива екипа.

Британски „Сан“ објави дека Покетино во јануари ќе остане без влијание, односно мислење за трансферите кои Челси планира да ги реализира.

Аргентинецот нема да може да бира нови засилувања, туку тие ќе бидат избрани од газдата Тод Боели и неговите помошници.

Боели наводно избрал нов напаѓач, а медиумите не ја исклучуваат можноста на „Стемфорд бриџ“ да пристигне и нов голман.