Покетино разговарал со Боели за четири можни засилувања за Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Маурицио Покетино се договори со Челси и ќе го преземе премиерлигашот од јуни, а со газдата Тод Боели веќе разговарал за нови засилувања.

Челси има ужасна сезона која ќе сака што е можно побрзо да ја заборави, а Покетино ќе го засили тимот и ќе ја нападне титулата следната сезона.

На листата со желби на Покетино се наоѓаат четири фудбалери, а тоа се Деклан Рајс, Хари Кејн, Алексис Мекалистер и Емилиано Мартинез.

Премиерлигашот ќе мора да биде внимателен за да не ги прекрши правилата на Финансискиот фер-плеј, откако Боели веќе потроши над 600 милиони фунти на засилувања.