Покетино со нови барања до Боели: Ни треба нов голман и напаѓач


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот англиски и европски шампион Челси ова лето направи голем ремонт на екипата, но во воведните две кола не успеа да оствари победа и освои само еден бод.

Тренерот на Челси, Маурицио Покетино вели дека ќе го надминат лошиот старт и ќе почнат да победуваат, но воедно имаше и нови барања до газдата Тод Боели.

Покетино на прес-конференцијата кажа дека му е потребен нов голман и уште еден офанзивен играч кој треба да му помогне да ги оствари целите.

„Ни треба уште еден голман и уште еден офанзивен фудбалер“, кажа Покетино.

Нов чувар на мрежата на „сините“ треба да стане Петровиќ, додека продолжува потрагата по нов напаѓач.