Покетино создава моќен тим: “Петлите” успеаа да го доведат тинејџерот кој е вистинска сензација


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Ибслифт Јунајтед неодамна ја испрати својата ѕвезда, седумнаесет годишниот играч од средината Шол Трејси на проба во Тотенхем. Овој играч тренираше со “Спарсите” некое време и се надеваше дека ќе го стекне потребното искуство.

“Ова е важно искуство за него, најверојатно ќе се врати во Тотенхем уште еднаш”- изјави Мек Манох.

Не се заврши се тука. Пред Трејси да се врати во Тотенхем, англискиот премиерлигаш испрати скаути на натпреварот од ФА Купот на младинските селекции. Трејси потоа тренираше уште три дена после што следуваше и официјална понуда за младиот фудбалер.

“Ќе мораме да почекаме да видиме што ќе се случи, но сигурен сум во тоа. Беше во Лондон три дена и одржа три тренинзи, но “Спарсите” нема да брзаат, сега се врати да игра со нас. Ќе видиме како ќе се развива, но ние во Ибсфлит сме презадоволни од неговите настапи, тој фантастичен играч. Се труди, верен е на клубот и во исто време има желба да ја подобрува својата игра. Без сомневање Трејси е огромен талент и верувам во неговите способности”– изјави МекМанох.

Многумина овој трансфер ги потсетува на оној со Деле Али. Сега со сигурност можеме да кажаме, Покетино и тоа како знае да работи со младите фудбалери кои имаат блескава иднина.