Покетино зборуваше за трансфер на Рамос: Серхио е играч на Реал Мадрид, но…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На почетокот на 2021 година француските медиуми објавија вест дека Серхио Рамос е желба на ПСЖ, а приказната сега повторно е актуелна.

Француските новинари ги интересираше мислењето на Маурицио Покетино на оваа тема, а тој имаше што да каже за Рамос.

„Серхио Рамос во ПСЖ? Не сакам уште да зборувам конкретно. Серхио е фудбалер на Реал, но времето ќе покаже што ќе биде на крајот. Ние сакаме поголема конкуренција. Здравата конкуренција е добра за тимот“, вели Покетино.

Рамос има договор со „кралевите“ до крајот на сезоната, а уште не се договори да ја продолжи соработката со тимот.

Шпанецот дефинитивно реши да замине зашто клубот не му нуди договор по негова мерка, а тој не се согласува на помала плата, па ПСЖ изгледа како реална дестинација.