Полицаец прскал навивач додека се обидувал да ја скенира влезницата (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вистински хаос се случуваше пред финалето меѓу Реал Мадрид и Ливерпул во Лигата на шампиони (ЛШ), кога голем број навивачи на премиерлигашот сакаа да влезат на стадионот без билети.

Поради тоа интервенираше и полицијата, која користеше солзавец против останатите фанови кои останаа зад капијата, иако имаа билети.

На социјалните мрежи се појавија видеа каде што може да се забележи реакцијата на полицијата, а еден службеник прскаше навивач во лице со солзавец, и тоа додека тој се обидуваше да си го скенира билетот.