Полиција мораше да реагира за да го „спаси“ Винисиус од навивачите 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид синоќа ја совлада Селта виго со 5-2 во мечот од четвртото коло во шпанската Ла Лига, и тоа во првиот меч кој го одиграа на „Сантијаго Бернабеу“ по пауза од една година.

Селта играше одлично во прво полувреме и водеше со 2-1, но „кралевите“ во вториот дел направија пресврт и триумфираа со 5-2.

Гол за пресврт на домаќините постигна Винисиус Жуниор, кој потоа тргна кон навивачите на трибините за да го прослави голот.

Бразилецот реши со навивачите да го прослави голот и скокна на трибините, а потоа мораше да реагира полицијата за да го врати Винисиус на теренот затоа што не го пуштаа фановите.

Оваа прослава ги воодушеви сите навивачи на Реал Мадрид, кои конечно се вратија дома.