Полицијата тепаше навивачи, а УЕФА се правда: Во тек е истрага!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид го победи Ливерпул во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) и стана шампион по 14. пат во историјата, но пред дуелот се случи вистински хаос кога навивачите на премиерлигашот почнаа да ја скокаат капијата.

Мечот доцнеше половина час поради хаосот кој се случи пред стадионот, а полицијата реагираше и тепаше навивачи, по што УЕФА реши со соопштение да реагира по дебаклот во организацијата.

„Пред почетокот на мечот илјадници навивачи на Ливепрул направија редови и се обидоа со фалсификувани влезници да влезат на стадионот. Поради тоа доцнеше почетокот на мечот, но потоа ситуацијата се искомплицира, па полицијата мораше да користи солзавец. Во тек е истрага“, соопштија од УЕФА.