Полошо не може да биде: Одбраната на Јувентус е – комедија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус загуби од Порто со 1-2 во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони. Гостите од Торино примија два гола во Португалија на навистина неверојатен начин.

Родриго Бентакур со катастрофална грешка му го подари првиот гол на Порто, а погоди Мехди Тареми, но при вториот гол во 46. минута одбраната на „Старата дама“ исчезна.

Манафа тргна по десната страна, по што му асистираше на Муса Марега, кој мина покрај седум фудбалери и постигна гол за Порто.

Не е навистина чудно што оваа реакција на одбраната на Јувентус сега служи како предмет за исмејување на социјалните мрежи.