Помалиот син на Роналдо, Матео ја воодушеви јавноста и покажа дека неговиот татко има наследник

Кристијано Роналдо на социјалните мрежи објави видео со кое ги воодушеви неговите фанови.

Тој поголем дел од своето слободно време го поминува со својата фамилија, а посебно со своето четврто дете. Кристијано своите три деца ги доби со помош на сурогат мајка, а едно му роди неговата партнерка Георгина Родригез.

Познато е дека неговиот најстар син Кристијано Џуниор и тоа како е заљубен во фудбалот и веќе воодушевува со потезите на терените. Но, судејќи според се и неговит син Матео ќе оди по стапките на својот татко.

Тој неодамна ги воодушеви сите бидејќи при шутирањето на топката го имаше истиот став како неговиот татко, а сега на ново видео повторно ги изненади сите. Роналдо објави снимка на која Матео постигнува гол, а и самиот тој беше воодушевен, а тоа најдобро ја покажа неговата реакција.