Поради лошиот однос со Роналдо, фудбалер на Јуве побарал трансфер во Реал Мадрид

Преодниот рок се ближи, па почнаа шпекулациите за потенцијалните трансфери, иако тоа требаше да биде во втор план со оглед на тоа дека фудбалот е парализиран поради пандемијата на коронавирусот.

Шпанските медиуми пишуаат дека Миралем Пјаниќ побарал трансфер во Реал Мадрид и тоа поради лошиот однос со првата ѕвезда Кристијано Роналдо.

Пјаниќ сака да го напушти Торино затоа што не му одговара ниту начинот на игра на Маурицио Сари, а „Дон Балон“ пишува дека Реал Мадрид можеби би се обидел да го купи искусниот фудбалер.

Јувентус веднаш подготвува замена за Пјаниќ, а изборот паднал на младиот Сандро Тонали, за кого се предвидува дека ќе има голема кариера и многумина го споредуваат со легендарниот Андреа Пирло.