Поранешен фудбалер на Јувентус со совет до клубот: Откажете се од Кејн, купете го …


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус е еден од тимовите кои се поврзува со ангажман на Хари Кејн од редовите на Тотенхем.

Англичанецот сериозно ќе размисли дали ќе продолжи да игра во клубот од Тотенхем доколку продолжи резултатската криза и не успеат да обезбедат пласман во Лигата на шампионите.

Токму затоа се појавија информации дека тој ќе си замине, а еден од заинтересираните тимови беше токму и Јувенутс.

Сепак, поранешниот играч на италијанскиот клуб, Лука Тони ги советува челниците да тргнат по услугите на Габриел Жезус и да заборават на Хари Кејн.

„Тој е брз, техничар, дели асистенции. Би било многу подобро тој да игра со Кристијано Роналдо кој не е класичен напаѓач, но постигнува и ќе постигнува многу голови. Вистински напаѓач како Кејн не би сорабутвал добро со Кристијано Роналдо. Мислам дека Габриел Жезус би бил многу подобар избор“ –изјави Лука Тони.