Поранешен фудбалер на Струга потпиша за Вардар

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денеска промовира уште две засилувања за новата сезона.

Српскиот интернационалец, Немања Босанчиќ има 29 години, игра на позиција централен играч за врска, а доаѓа од екипата на Паневезис.

Во досегашната дел на кариерата, има настапувано и за екипите на Инџија, Чачак и Колубара, Беране, Лахти, ДЛ Про и Струга.

Во екипата пристигна и 22-годишниот Рушту Јонус, кој игра на позицијата централен фудбалер за врска.