Поранешен играч на Манчестер Јунајтед со интересен коментар: Клоп е новиот Фергусон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Дион Даблин даде интересна споредба и посочи дека Јирген Клоп е новиот Алекс Фергусон.

Легендарниот шкотски стратег е запишан во историјата како еден од најдобрите, ако не и најдобар тренер на сите времиња.

„Јирген Клоп е новиот сер Алекс Фергусон. Тоа што го мислам со тоа е дека клубот го води од горе па надолу. Обезбедува фудбалот во академијата да се игра на ист начин како во првиот тим. Кога играчите ќе преминат од академијата во рвиот тим, тие си ја знаат работата, тие знаат каде треба да бидат и што треба да работат и кого да слушаат. Поради тоа Ливерпул игра вака и напредува“ –истакна Даблин.