Поранешен македонски репрезентативец потпиша за Басконија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Басконија се засили со поранешниот репрезентативец на Македонија, Џордан Теодор кој треба да ја пополни „дупката“ во тимот по повредата на Крис Чиоза.

Теодор доаѓа во редовите на Басконија од француски Метрополитанс и за него ќе биде враќање во Евролигата откако претходно го носеше дресот на Олимпија Милано.

Плејмејкерот од 2017 година има македнски пасош, а играше и за Македонија, но не се прослави.

Американецот во француски Метрополитанс во просек постигнуваше по 13,3 поени и 3,9 асистенции по натпревар.