Поранешен ракометар на ПСЖ ќе го засили Охрид


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот суперлигаш Охрид се пласира во финалето на ЕХФ Европскиот Куп каде што ќе се соочи против Татабања, а тренерот Ројевиќ најави голем број засилувања за следната сезона.

„Гладијаторите“ ќе се засилат со неколку ракометари, а еден од нив ќе биде и поранешниот играч на ПСЖ, Адам Кеита.

„Можам да кажам дека доаѓа левото крило Адама Кеита, поранешен играч на ПСЖ кој две сезони играше за АЕК“, кажа Ројевиќ за „Моцарт Спорт“.

Охрид ќе се засили со Славиќ, Мате, Карапалевски, Зечевиќ и Кеита, но постои можност и за уште неколку ракометари.