Поранешен уругвајски репрезентативец си го одзема животот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лоши вести пристигнуваат од Аргентина, каде што уругвајскиот фудбалер Сантијаго Моро Гарсија си го одземал животот.

Гарсија беше млад репрезентативец на Уругвај, а покрај кариерата во три држави од Јужна Америка, една сезона мина и во Турција.

Откако никој не можел да го контактира неколку дена, неговото тело било пронајдено во апартманот во кој живеел.

Во текот на професионалната кариера, Гарсија играше за Насионал, Параненсе, Касимпаша, Ривер плејт од Уругвај и уште неколку тимови.

Уругваецот никогаш не стигна до сениорската репрезентација на својата земја, зашто конкуренцијата во нападот во претходните години беше ептен силна, но зтоа настапуваше на Светското првенство (СП) за фудбалери до 20 години во 2009 година.