Порто беше „ограбен“ против Барселона? (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона славеше со 1-0 против Порто во Лигата на шампиони (ЛШ), но резултатот можеше да биде поинаков поради една ситуација во завршницата на натпреварот.

Контроверзна ситуација се случи пред крајот на мечот, кога гостите беа во водство и беше досуден пенал за Порто, но одлуката потоа беше променета.

Во 77. минута од натпреварот судијата Тејлор покажа на белата точка, откако Кансело играше со рака, но по проверката на ВАР-системот одлуката беше променета.

Дел од навивачите не се среќни и сметаат дека Порто бил „ограбен“ против Барселона.