Португалија по третпат ќе игра бараж за СП – два пати славеше и не знае за пораз!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Португалија не пропушти ниту еден Мундијал во последните две децении, а се надеваат дека тоа ќе биде така и годинава, иако во финалето на баражот играат против Македонија, која веќе ја изненади Италија во Палермо (1-0).

Македонија ќе има тешка задача во Порто бидејќи домаќинот досега двапати играше бараж за пласман на Светското првенство (СП) и двапати славеше против ривалите.

Најпрво во 2009 година ја мина Босна и Херцеговина во двомеч со вкупни 2-0, додека четири години подоцна преку Португалија обезбедија место на Мундијалот во Бразил.

Македонија досега никогаш не беше блиску до пласман на СП, па затоа сега има историска шанса. Откако ја елиминираше Италија, иако никој не се надеваше на такво нешто, ќе се обиде да ја изненади и Португалија.