Последен натпревар за ѕвездата на Реал – Зидан утре го продава?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На Колумбиецот се ќе му биде јасно после Селта.

Хамес Родригез одлучи да остане во Реал Мадрид и ја чека шансата. Но, сега се не зависи од него. Без разлика на желбата на колумбиецот да остане во Реал, клучната одлука ќе ја донесе Зинедин Зидан.

Шпанските медиуми соопштија дека се зависи од натпреварот против Селта Виго. Ако Зидан остане на тоа дека Хамес не му е потребен, тоа ќе биде сигнал на колумбиецот дека ќе мора да бара нов клуб. Има уште пет дена, но со Жорж Мендеш, Родригез не би требало да има проблеми при наоѓање на нов клуб.

Во првите два натпревари Зидан му даде шанса на Хамес дури во последните 20 минути. Флорентино Перез да не е фан на Родригез и неговиот маркетинг ефект во Јужна Америка, колумбиецот немаше да го дочека крајот на преодниот рок во Реал Мадрид. Зидан повеќе верува во Асенсио, Иско, Васкез, но Флорентино нема тврдоглаво да инсистира.

Реал утре игра против Селта и ако Родригез повторно биде резерва со минутажа тоа ќе биде јасна порака од Зидан до колумбиецот дека е најдобро да го напушти Сантијаго Бернабе.