Последната гласовна порака на Марадона која ќе ви го скрши срцето 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Диего Армандо Марадона почина минатата среда на 60-годишна возраст. Оваа вест го потресе целиот свет, кој тагува по еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Аргентинските медиуми постојано пишуваат само за Марадона и неговите последни денови од животот, а многу прашина се крена и околу докторот кој се грижеше за него.

Исто така, аргентинската телевизија „Америка“ ја објави последната гласовна порака која Марадона ја испратил неколку часа пред да почине. А таа била испратена до Марио Баудри, кој е во врска со неговата поранешна девојка Вероника.

„Здраво, Марио. Овде Диего. Знам дека ќе ти звучи неверојатно, но јас и Вероника сме во добри односи и ми кажа дека е со тебе. Чувај го посебно мојот ангел, кој не можам да го споредам со никого. Јас имам многу деца, но поради тоа мало ќе се борам до крајот“, кажал Марадона.