Последни секунди од мечот Реал – Алавес: Бензема се држи за глава, Рамос удирa во стакло… ?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид во последните неколку натпревари не играат најдобро и така како што замислија. Тие синоќа на домашен терен ги изненадија непријатно навивачите, откако загубија од Алавес со 1-2.

Во судиското надополнување Иско можеше да им донесе бод на „кралевите“, но неговиот удар од 20 метри ја погоди само пречката.

Таа шанса предизвика гнев кај Серхио Рамос, кој почна да удира по заштитното стакло, додека Федерико Валверде и Карим Бензема не можеа да поверуваат како топката не влезе во мрежата.