„Последниот ас од ракавот“ на Тен Хаг: Јунајтед купува фудбалер кој го сакаа Челси и Арсенал


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер јунајтед ги разочара навивачите на стартот на сезоната бидејќи загуби со 1-2 од Брајтон на „Олд Трафорд“, а поразот му даде јасен знак на тренерот Ерик Тен Хаг дека му се потребни нови засилувања.

Прво на листата со желби на Тен Хаг се најде Марко Арнаутовиќ, но сепак се откажа од идејата да го ангажира, па сега Холанѓанецот се надева дека ќе го купи Коди Гакпо од ПСВ.

Гакпо беше фудбалер за кој покажаа интерес Челси и Арсенал, додека тој би можел да биде последниот „ас од ракавот“ на тренерот на „ѓаволите“.

Младиот напаѓач има само 23 години и минатата сезона одигра 47 натпревари за ПСВ, при што постигна 21 гол и 15 асистенции.