Потер добива засилување: Челси ќе плати 50 милиони евра за нов дефанзивец!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челси минатото лето потроши многу пари на засилувања, но пред репрезентативната пауза немаше добри резултати, па газдата Тод Боели планира да ангажира уште неколку играчи за тренерот Граам Потер.

Иако лондонскиот тим купи неколку дефанзивци, сепак Боели планира да плати уште 50 милиони евра за нов играч во одбраната, а изборот паднал на Дензел Думфрис.

Евертон беше заинтересиран за Думфрис, но не успеа да го ангажира поради поранешниот тренер Рафа Бенитез, па сега Челси е подготвен да плати 50 милион и евра за дефанзивецот на Интер.

„Кориере дело Спорт“ објави дека трансферот треба да се случи следното лето, иако Челси сигурно ќе се обиде уште во јануари да го договори за да не остане со празни раце на крајот.