Потер го носи неговиот „миленик“ од Брајтон во Челси!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Греем Потер седна на кормилото на Челси, по отказот на Томас Тухел, а англиските медиуми пишуваат дека тој веднаш почнал да размислува на нови засилувања.

На листата со желби на Потер се наоѓа „миленикот“ од Брајтон, Моизес Каиседо, кој летово беше желба на многу екипи, но сепак реши да остане во премиерлигашот.

Колумбиецот пристигна во Брајтон за 5,5 милиони евра и заигра одлично под водство на Потер, па стана еден од најдобрите играчи за врска.

Потер во него гледа идеална замена за Н’голо Канте, но Каиседо има договор до 2025 година, па Челси ќе мора да плати околу 50 милиони евра за да го донесе во Лондон.