Потер му се јавил на Мудрик за да го убеди да потпише со Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челси ја доби војната против Арсенал за талентираниот Михајло Мудрик од Шахтјор Доњецк, а главна улога во преговорите одиграл тренерот Грем Потер.

Премиерлигашот ќе плати 100 милиони евра за Мудрик, па наскоро младиот фудбалер ќе биде промовиран на „Стемфорд бриџ“ како ново засилување.

Тренерот Потер решил да го убеди Мудрик да потпише за Челси и му го објаснил неговиот проект, кој му се допаднал на украинскиот фудбалер.

Мудрик ќе потпише договор до 2030 година, а тоа ќе му помогне на Челси да не ги прекрши правилата на Финансискиот фер-плеј.