Потер вчера доби отказ од Челси, но веднаш ќе преземе друг премиерлигаш?

Англиските медиуми пишуваат дека Грем Потер во следните денови најверојатно ќе го преземе Лестер сити.

„Лисиците“ го избркаа Брендан Роџерс по четиригодишна соработка поради лошите резултати, а во исто време отказ доби и Потер од Челси поради идентична причина.

Лестер се бори за опстанок во Премиерлигата, а раководството на поранешниот шампион смета дека Потер е вистинскиот избор за тренерската позиција.

Во следните денови треба да почнат преговорите меѓу двете страни, по што Потер ќе биде промовиран како нов тренер на „лисиците“.