Потресна исповед на ќерките на Михајловиќ: Открија детали од борбата со леукемијата!


    Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


    Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ успешно ја преброди првата фаза од лекувањето на леукемијата, а неговите ќерки Викторија и Вирџинија првпат зборуваа на болната тема.

    Михајловиќ не прифаќа да се предаде, па се бори со опасната болест и кога никој не го очекуваше тоа, се појави и на клупата на Болоња.

    „Таа вест ни го промени животот, зашто многу сме поврзани во семејството. Тој продолжува со третманот и така ни дава сила, па се надеваме дека ќе ја добие оваа тешка битка. Понекогаш заборавам дека е болен, зашто се однесува како ништо да не се случува. Кога бев мала, кога ќе ме прашаа од што се плашам, мојот одговор беше – татко ми да не се разболи“, велат ќерките на Михајловиќ.