Потресни зборови на Енрике за починатата ќерка по освоената титула во ЛШ

Одличниот шпански стратег Луис Енрике му го донесе на Пари Сен Жермен трофејот од Лигата на шампионите во историјата на клубот.

ПСЖ во финалето го декласира Интер со резултат 5:0, а Енрике стана само седмиот тренер во историјата кој со два различни тима го освоил највредниот трофеј и единствен заедно со Пеп Гвардиола кој два пати успеа да ја освои популарната „триплета“ – националната лига, Купот и Лигата на шампионите.

Славјето на Енрике беше исполнето со длабоки емоции. Шпанецот во 2019 година доживеа голема семејна трагедија – неговата ќерка Сана почина на деветгодишна возраст по повеќемесечна борба со рак на коските.

„Секој ден мислам на неа, без разлика дали победуваме или губиме. Таа е тука, со мене, во моето срце. Сакам да живеам сеќавајќи се на сите убави работи што мојата ќерка ги донесе во мојот живот, тоа е мојата мисија. Мојата ќерка секогаш беше со мене и сигурен сум дека сега е многу среќна“, рече Енрике.