Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потврда од неговата фамилија – Мексиканец стигнува во Манчестер Јунајтед.
Мексиканскиот репрезентативец Хирвинг Лозано ги договори сите услови со Манчестер Јунајтед, но на екипата на Жозе Мурињо ќе се приклучи дури после Олимписките игри, односно на крајот на август.
Скаутите на Јунајтед веќе неколку месеци ги следеа игрите на младиот 20-годишен офанзивец. Лозано настапува за својот матичен клуб Пачука, за чиј прв тим дебитираше во 2014 година и од тогаш на 91 меч постигна 15 голови.
Висината на неговиот трансфер сеуште не е познат.
„Да, вистина е, Лозано се Манчестер Јунајтед. .Преостанаа уште само формалности кои ќе се решат после ОИ, кога трансферот ќе биде и официлизиран“, рече таткото на Лозано за мексиканските медиуми.
Лозано одигра и седум натпревари за репрезентацијата на Мексико и постигна еден гол.
Тој ги покрива и двете крилни позиции, а може да игра и како полушпиц па така ќе биде од корист на Жозе Мурињо кој сака поливалентни играчи.
Тој ќе биде четврто засилување на Жозе Мурињо, после Ерик Баили, Златан Ибрахимовиќ и Хенрик Михтаријан.