Шок за Швајцарија во петтата минута на судиското продолжение – Храбриот Катар стигна до многу важен бод (Видео)


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Натпреварот од групата Б на Светското првенство помеѓу Швајцарија и Катар беше одигран од 21 час по наше време.

На самиот почеток на натпреварот Катар можеше да ги изненади Швајцарците. Едмилсон Џуниор се најде во добра шанса во 2. минута, но Кобел добро одбрани.

Швајцарија ја презеде теренската иницијатива по тоа и се закани два пати преку Ндое. Првиот пат Абанада одбрани, а вториот пат шутот отиде над голот.

Притисокот на Швајцарците се исплати во 17. минута. Главниот судија покажа на белата точка, Емболо ја презеде одговорноста и погоди за 1:0.

Швајцарија продолжи да го контролира мечот, но претерано се “успала” и за тоа беа казнети во петтата минута од судиското продолжение.

Кухи погоди за 1:1 и предизвика ерупција на воодушевување кај навивачите на Катар и студен туш за Швајцарија.

https://hoohfooha.vibedailyhighlights.com/embed/CAzRdF2JfzbLI
.