Потврдено: Атлетико доби врвно засилување!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шиме Вршаљко е нов фудбалер на Атлетико Мадрид.

Секој момент се очекува и официјална објава од страна на Атлетико Мадрид, а тоа што е познато е дека Шиме Вршаљко ги помина медицинските прегледи и дека во наредниот период ќе ги брани боите на Јорганџиите.

Ова го потврди и Енрике Серезо, претседателот на Атлетико Мадрид.

Вршаљко ќе потпише договор на пет години, Сасуоло ќе добие 16 милиони евра.

Вршаљко има 24 години, роден е во Ријека, во младинските категории играше за Задар и загребски Динамо, каде што стекна целосна афирмација. Со Модрите освои четири титули шампион на Хрватска, два купа и еден Суперкуп.

Пред Вршаљко, во Атлетико стигна Николас Гаитан од Бенфика за 25 милиони евра.