Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Во наредните неколку часови во директорската фотеља на Сан Сиро треба да седне поранешниот спортски директор на Фиорентина Даниеле Праде.
Изгледа дека дојдоа деновите на големи промени на Сан Сиро. Извршниот директор на Милан Адријано Галијани судејќи по се нема повеќе да ги има сите областувања кога е во прашање доведување и продавање на играчи, веќе главниот егзекутор на трансфер политиката на Росонерите може да ја превземе долгогодишниот спортски директор на Фиорентина Даниеле Праде.
Договорот на Праде на Артемио Франки истекува на 30 јуни, но тој, според сознанијата на Туто Меркато, може да седне на директорската фотеља на седумкратниот шампион на Европа веќе во наредните неколку часови.
Искусниот фудбалски работник првото значајно искуство во оваа работа го имаше во текот на деведесетите години во Тернана, каде што истотака беше спортски директор, а во првата година од овој век беше соработник на генералниот директор на Рома Фабрицио Лукези, потоа и Франко Балдини. Од Рома одиде со доаѓањето на сегашното раководство, додека во Фиренца стигна во мај 2012 година и остана во наредните четири. Сега е момент за скалата во директорската кариера да биде подигната на повисоко ниво.
Засега нема изгледа, ниту информација, дека Адријано Галијани може да се повлече од клубот, па останува да се види дали такво нешто ќе се случи во догледно време или италијанскиот фудбал ќе добие сериозен тандем на фудбалскиот пазар.