Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер и Милан го играат големото градско дерби во рамки на 24. коло од италијанската Серија А, која продолжујва по двонеделна пауза. Натпреварот е закажан за 18 часот, а улогата на домаќин ќе ја имаат „нераѕурите“.
Натпреварот е во центар на внимание на италијанската јавност, за дуелот зборуваше и Стефано Нава, кој во минатото го носеше дресот на Милан.
„Рехабилитацијата на Томори ќе биде од голема важност за Милан. Тој е модерен дефанзивец, кој има многу квалитети. Ако во одбрана играат Калулу и Ромањоли, тогаш треба да бидат блиску еден до друг. Јас најмногу се плашам од тандемот Мартинез-Санчез, додека за Џеко не сум загрижен бидејќи лесно ќе го прочитаме“, кажа Нава.
Интер е прв на табелата со 53 бодови, додека Милен е трет и има четири бода помалку од градскиот ривал.