Повторно му се влоши состојбата, таткото на Нурмагомедов одново во кома


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Состојбата на Абдулманап Нурмагомедов, таткото на светскиот УФЦ шампион, Хабиб, повторно е во критична состојба.

Абдулменап Нурмагомедов е заразен со коронавирусот и од 13 мај примен во една од болниците во Москва, а во текот на вчерашниот ден докторите го приклучиле и на респиратор.

Неговиот син денеска се огласи преку социјалните мрежи и призна дека татко му е во лоша состојба и откри дека тој боледува и од срцеви заболувања, нешто што дополнително ја влошува ситуацијата.

Хабиб притоа откри дека и над 20 членови од неговото семејство се заразени со вирусот,  а дека многу родители на негови блиски веќе починале од опасната болест.