Позади прославата на голот на Азар се крие фантастична приказна


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден Азар синоќа на натпреварот против Вест Хем го постигна еден од најубавите голови во својата кариера.

Челси пред своите навивачи го совлада градскиот ривал со 2-0, а Азар блескаше кој ги постигна двата гола. Посебно импресивен беше првиот гол кога Белгиецот помина низ неколку играчи на Вест Хем и ја затресе мрежата на голманот.

Тој имаше многу необична прослава на голот, а англиските медиуми веднаш се потрудија да дознаат што се крие позади таа прослава.

Имено, медиумите на Островот објавија дека Азар на овој начин сакал да оддаде почит на својот идол од детството Хуан Роман Рикелме кој на овој начин ги славеше своите голови.