Познат датумот на мечот меѓу Македонија и Косово!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мечот меѓу Македонија и Косово е закажан за 4 јуни и тогаш треба да се игре пред публика, откако претходно беше одложен поради коронавирусот.

Најпрво дуелот требаше да се игра на 26 март, но поради вирусот, натпреварот мораше да се откаже, по што се потврдија шпекулациите дека ќе се игра на почетокот на јуни.

Доколку славиме против Косово, потоа следи дуел на 9 јуни против подобриот од мечот меѓу Белорусија и Грузијa.

Македонија го пречекува Косово на Националната Арена „Тодор Проески“.