Познат е датумот, местото на борба и новиот противник на Хабиб Нурмагомедов


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


УФЦ шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов новата одбрана на титулата ќе ја има во април во 2020. година.

„Орелот“ титулата ќе ја брани на 18. април наредната година во Бруклин, а противник ќе му биде, како и што се очекуваше – Тони Фергусон.

Оваа вест на Твитер ја потврди и менаџерот на Хабиб – Али Абделезис, кој истакна дека Хабиб го ставил својот потпис на договорот за борбата.

Така Хабиб и Тони конечно ќе се најдат во октагонот, а интересно е тоа што требаше да се сретнат уште порано, но поради повредите од двете страни, борбите четири пати беа откажани.

Многумина веруваат дека Фергусон можно е да го сруши непобедливиот Дагестанец (28-0) и дека токму тој има одговор на стилот со кој се бори Хабиб.

Ел Чучуи е во низа од 12 последователни победи и моментално е на размер од 25-3.