Познат е распоредот: Словенија е следен ривал на Македонија на СП!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија се пласираше во главната фаза од Светското првенство (СП) во Египет, а сега го дозна распоредот на следните противници.

Засега не е познато во колку часот ќе се игра, но познато е како одат по ред противниците. Македонија в среда ќе игра против Словенија, по што следи дуел со Русија в петок, по што в недела се игра против Белорусија.

Во новата група Шведска има четири бодови, три има Русија, додека Египет и Словенија имаат по два, а Белорусија има еден бод, додека Македонија е без бодови.