Познат фудбалер си го уништи лицето со огномет – има тешки изгореници, можеби ќе остане слеп!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Страшен инцидент се случи во Истанбул, каде што познатиот фудбалер Омар Елабдеи заработи страшна повреда на главата поради користење на пиротехника во новогодишната ноќ.

Фудбалерот во својот дом ја дочека 2021 година, а страшен инцидент се случи, кога огнометот му експлодирал во рака и тоа покрај главата.

Поранешниот фудбалер на Олимпијакос и сегашен член на Галатасарај бил итно примен во болница со тешки повреди, а медиумите пишуваат дека може да остане слеп.