Познат идентитетот на играчот на Реал Мадрид кој е позитивен на коронавирусот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сите екипи на Реал Мадрид, меѓу кои и фудбалската се во карантин откако беше објавено дека еден кошаркар на „кралскиот клуб“ е позитивен на коронавирусот.

Кошаркарот на „кралевите“, Треј Томпкинс е заразен со вирусот и е префрлен во изолација каде ќе закрепнува од оваа болест.

Томпкинс претходните денови тренирал без проблем, па затоа  целиот кошаркарски, како и фудбалскиот тим на Реал Мадрид се ставени во карантин.

Сите натпреварувања во Шпанија се одложени, а Евролигата денес објави дека привремено ќе биде запрено и ов анатпреварување.