Позната причината зошто Нагеслман не можеше 10 минути да си го најде фудбалерот на „Камп Ноу“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баерн Минхен ја отвори Лигата на шампиони со стил откако ја победи Барселона на гостински терен со убедливи 3-0.

Баварците беа подобар ривал на теренот и заслужено ги освоија бодовите. Во првото полувреме гол постигна Томас Милер, а во продолжение стрелаше двапати Роберт Левандовски.

Интересна сцена беше забележана во второто полувреме, кога Јулијан Нагелсман дури 10 минути си го бараше фудбалерот низ „Камп Ноу“.

Серж Гнабри и Кингсли Коман требаше да влезат во игра, но францускиот играч исчезна на 10 минути, а сега е откриено дека завршил во тоалет и тоа го потврди Нагелсман.

Гнабри влезе во игра во 69. минута од натпреварот, додека Коман влезе дури во 82. минута, кога го замени Сане.