Познати деталите од договорот меѓу Теодосиќ и Црвена Звезда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот кошаркарски гигант Црвена Звезда се засили со Милош Теодосиќ, кој е еден од најдобрите бекови во Европа.

Теодосиќ се враќа во Белград од редовите на Виртус Болоња и за првпат во кариерата ќе ги носи боите на дресот на неговиот омилен тим.

Српските медиуми откриваат дека Теодосиќ потпишал договор на една сезона, по која сака да замине во пензија.

Кошаркарот ја почна кариерата во ФМП, па настапуваше за Борац Чачак пред да се пресели во Олимпијакос. Потоа играше за ЦСКА Москва, Лос Анџелес Клиперс и Виртус Болоња.