Познати противници на Македонија на патот кон ЕП 2029

Македонската кошаркарска репрезентација ги откри своите противници за започнување на кампањата за квалификации за Европското првенство во 2029 година. Во првата претквалификациска фаза, „црвено-жолтите“ ќе играат во група А, каде ќе се натпреваруваат против Луксембург, Ирска и Азербејџан.

Според правилата на ФИБА, во втората рунда ќе се пласираат најуспешните три селекции од групите и една репрезентација со најдобар резултат меѓу второпласираните.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ГРУПА „А“

1.КОЛО – 27. НОЕМВРИ – 2025

МАКЕДОНИЈА – Азербејџан

Луксембург – Ирска

2.КОЛО – 30.НОЕМВРИ – 2025

Ирска – МАКЕДОНИЈА

Азербејџан – Луксембург

3.КОЛО – 27.ФЕВРУАРИ – 2026

МАКЕДОНИЈА – Луксембург

Ирска – Азербејџан

4. КОЛО – 2. МАРТ – 2026

Азербејџан – МАКЕДОНИЈА

Ирска – Луксембург

5. КОЛО – 2.ЈУЛИ-2026

МАКЕДОНИЈА – Ирска

Луксембург – Азербејџан

6. КОЛО – 5.ЈУЛИ-2026

Луксембург – МАКЕДОНИЈА

Азербејџан – Ирска